fbpx

По 7-ми пат Центарот за европски развој и интеграција оваа година во партнерство со Центар за култура Битола го реализира фото-конкурсот и изложбата со ЉУБОВ ОД БИТОЛА.

Стручното жири во состав Dražan BračićIvona Kočov и Dimitar Chungovski од пристигнатите 105 фотографии од 47 фотографи направи селекција на 30-те најдобри фотографии кои се дел од изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2019 која е поставена во фоајето на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА Битола и ќе биде отворена за публиката до 25.08.2019.

На свеченото отварање од страна на Директорката на НУ Центар за култура Битола , Maja Andonovska Ilijevski и претседателот на ЦЕРИ и координатор на проектот Диоген Хаџи-Коста Милевски, на 27-те автори на фотографиите им беа доделени благодарници за придонес кон изложбата додека трите најдобри фотографии беа наградени со парични награди и дипломи.

Третото место му припадна на Александра Бунческа за фотографијата – Другарчиња, второто место му припадна на Димитар Ристевски за неговата фотографија – LADY ON A TRAINSTATION додека првото место и наградата од 4000 ден ја освои Angela Zaceska за фотографијата Огнено срце за Битола.

За завршница на отворањето своја точка имаа членовите на групата Acid Triple кој со својата точка го запалија небото пред Центарот за култура.
Реализацијата на овој проект немаше да биде можна без финансиската поддршка која ја обезбедија Млекара АД Битола Bimilk и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Share.

Comments are closed.