fbpx

ФОТО-КОНКУРС „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020“

Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020″

– Конкурсот ќе биде отворен  од 27.07.2020 до 10.08.2020
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
– Тема на конкурсот „ ЉУБОВ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА “  Фотoграфиите треба да говорат за животот во Битола и новата реалност предизвикана од глобалната пандемија со КОВИД 19.  

Оваа година генерален спонзор на фото – конкурсот и изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020 е Сава пензиско друштво а.д. Скопје

НАГРАДЕН ФОНД ЗА НАЈДОБРИТЕ ТРИ ФОТОГРАФИИ
– прва награда: 4000 ден,
– втора награда 3000 ден
– трета награда 2000 ден.

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

–  Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи  кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе изврши селекција на фотографиите кои ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth FULL COLOR.
– Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТИ НА Е-МАИЛ: cedi.mk@gmail.com НАЈДОЦНА ДО 10.08.2020  год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии.
ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020“ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА МЕСЕЦ АВГУСТ 2020 ВО НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА.

ОРГАНИЗАТОРИ

ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР