fbpx

НАЦИОНАЛНАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИНДЕКСОТ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, како координатор на проектот Индекс на граѓанското општество (ИГО), на 26 јуни 2018 година во ТЦЦ Гранд Плаза, во Скопје ја организира националната работилница за ИГО за 2018 година.

ИГО е истражувачка алатка со која се оценува состојбата на граѓанското општество  ИГО, во рамките на акциско-истражувачки проект координиран од ЦРИС Студиорум, во Македонија се спроведува по трет пат, на иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Проектот е финансиран од програмата ЦИВИКА Мобилитас,поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Националната работилница за ИГО имаше за цел да отвори дискусија за клучните потреби, предизвици и препораки за развој и унапредување на ГО во регионите, како дел од отворениот консултативен процес за унапредување на ГО и неговата релевантна улога во општеството.

Во рамките на делот на оваа работилница посветен на презентација на добри практики од работата на граѓанските организации; м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски претседател на Центарот за Европски развој и интеграција од Битола го презентира поректот ПОЛИТЕА – Школата за лидерство и кариерен развој кој оваа организација самостојно го реализира веќе 4 години.


Покрај овој проект во рамките на работилницата свои презентации има и:Аријанит Џафери од – Еко Герила Тетово – на тема Преку граѓански ангажман до подобро општество за сите


Давор Каракашев од Лајонс клуб Феникс  на тема Заедно за децата со пречки во видот.