fbpx

ЗА НАС

            Здружението на граѓани „Центар за Европски Развој и Интеграција“ е граѓанска организација основана на 24 октомври 2009 година со седиште во Битола. ЦЕРИ е формирана од група на студенти дипломци на катедрата по јавна администрација како еден од начините практично да ги применат своите знаења во правец на подобрување на средината во која живеат и да придонесат кон нејзина демократизација и приближување до европските стандарди и вредности.
                   Мисијата на ЦЕРИ во периодот 2009-2013 е јакнење на демократската култура и едукација на граѓаните за процесот на интеграција на Р.Македонија во ЕУ и можностите и обврските што тоа членство ги создава.Во овој период организацијата преку контакти со јавнте институции, дебати работиллници и учество во обуки и тренинзи го јакне капацитетот на своите членови за сследење на процесот на реформи во општеството.
            Од почетокот на 2014 ЦЕРИ преку учеството во проектот ЛОТОС  – ЛОКАЛНА, ОТЧЕТНА, ТРАНСПАРЕНТНА И ОДГОВОРНА САМОУПРАВА – активно се вклучува во процесот на следење на транспарентноста во работењето на единиците на локалната самоуправа во пелагонискиот регион со што започнува со реализација на мисијата за активно учество на граѓансиот сектор во процесот на следење на имплементацијата на јавните политики.
                   Мисијата за едукација и интеграција на младите од крајот на 2014 е институционализирана во школата за идерство и јавни политики ПОЛИТЕА и главната мисија на овој проект ја опфаќа интеграцијата на младите квалитетни кадри во насока на градење на неоформални мрежи кои ќе овозможат трансфер на знаење и практично искуствво.Примарната целна група на ЦЕРИ се студентите и средношколците, но со дел на своиите активности таа ги опфаќа сите граѓани, граѓанските организацции и јавните институции.

[rev_slider 1]