fbpx

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА” 2026

Со задоволство ве покануваме на отворањето на 14-тата по ред изложба „Со Љубов од Битола” 2026, во четврток, 13 август, во 20:00 часот, во фоајето на НУ Центар за култура Битола.

Годинешниот конкурс, на тема „Битола во златниот час”, беше отворен во периодот од 01.07 до 31.07, а свои фотографии ни испратија 19 фотографи.

Стручното жири во состав Александар Јоначиќ, Горан Кузмановски и Диоген Хаџи-Коста Милевски направи внимателна селекција од која произлегоа 28 фотографии, кои ќе бидат дел од изложбата. На отворањето ќе бидат прогласени и наградени добитниците на првата, втората и третата награда за најдобра фотографија.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам, а се реализира во партнерство меѓу Центарот за европски развој и интеграција – Битола и НУ Центар за Култура Битола, како дел од годишната програма.

Изложбата е дел и од Битолското културно лето Бит Фест 2026, поддржана од КИЦ Битола и Општина Битола. Наш поддржувач партнер во проектот е и Опфолио Инвестиции.

📍 Фоаје на НУ Центар за култура Битола
🗓️ Четврток, 13 август 2026
🕗 20:00 часот

Ве очекуваме! 🌇📷