fbpx

Центарот за европски развој и интеграција по петти пат го реализира настанот ДЕНОТ НА ФРИДМАН во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики, а под покровителство на фондацијата ФРИДМАН.DSC_0222 Настанот го отвори м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски кој во името на ЦЕРИ и ПОЛИТЕА ги запозна присутните со целта која ја има ова дружење насочено кон иницирање на дебата за различните нивоа и концепти на слобидата како клучен предуслов за просперитетно и успешно општество кои ги заговарал Милтон Фридман.

На овој последен настан од овој циклус на настани гости предвачи беа доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска професор на Економскиот факултет во рамките на УКЛО која ги запозна присутните со животот и делото на Фридман и клучните аспекти на монетарната теорија која во многу го промени начинот на економското планирање во дваесеттиот век но и денес.

DSC_0282

Свое обраќање имаше и м-р Никола Илиевски координатор на организацијата Students for liberty Macedonia која дел од својата идеологија и концепти за слободата непосредно ги извлекува од теориите на Фридман за слободата на пазарот и индивидуата како клучна детерминанта на општествениот систем. Воедно во рамките на дебатата која се разви на ова дружење се отвори и прашањето на концептот на слобода на избор на образование кој Милтон и Роза Фридман успешно го имплементираа во САД преку фондацијата Фридман и генерираа промена во јавните политики која придонесе се поголем број родители и ученици преку можноста да избираат каде ќе учат во еден затворен систем на државно финансирање да ги имплементираат моделите на слобода на избор.

Настанот традиционално заврши со крофни и кафе во чест на роденденот на Милтон Фридман.

Share.

Comments are closed.