fbpx

ФОТО-КОНКУРС „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021“

Центарот за европски развој и интеграција  во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021″

– Конкурсот ќе биде отворен  од  01.07.2021 до 26.07.2021
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
– Тема на конкурсот е „STILL HERE AND STILL FINDING LOVE“ – „СЕУШТЕ СМЕ ТУКА И СЕУШТЕ НАОЃАМЕ ЉУБОВ
–  Фотoграфиите треба да го доловат  животот и љубовта во Битола и предизвиците со кои се соочуваме во новата реалност предизвикана од глобалната пандемија  со КОВИД 19 и последиците од неа.  
–  Награден фонд – Прва награда: 4000 ден, Втора награда 3000 ден и трета награда 2000 ден.
–  Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер Сава пензиско друштво а.д Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија  

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

–  Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Lifestyle photography.  Овој тип на фотографија како свој примарен објект го има  начинот и стилот на живот на луѓето, и е жанр на фотографија која главно има за цел да создаде фотографии кои се фокусираат на портрети на луѓе во различни секојдневни ситуации, настани од реалниот живот или значајни моменти од нивниот живот пренесени на уметнички начин.
–  Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи  кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири  ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис , друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth FULL COLOR.
– Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

НАЧИН НА УЧЕСТВО

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТИ НА Е-МАИЛ: cedi.mk@gmail.com , НАЈДОЦНА ДО 26.07.2021 год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021 .

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии.

ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021“ ЌЕ СЕ РЕАЛЗИРА ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА МЕСЕЦ АВГУСТ   2021