fbpx

О3 ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Проектот О3 (О-Три) –(Општествено Одговорни Организации)  има за цел јакнење на капацитетот на граѓанските организациии за поддршка на имплементација на општествено одговорни практики кај малите и средни бизниси и  развивање на посебен модул во рамките на   кој алиумните на школата ПОЛИТЕА и членови на граѓанските организации од Пелагонискиот регион ќе имаат можност да се запознаат со концептот на општествена одговорност и можностите за иплементација на проекти базирани  на општествено одговорни практики.

Во рамките на проектот О3 преку три еднодневни обуки ќе се разработат:

  – концепт на општествена одговорност и општествено одговорни практики;

  – европски модели и најдобри практики за реализација на општествената одговорност;

  – планирање и имплементација на проекти базирани врз концептот на општествена одговорност;

BANER WEBОвие три обуки ќе им овозможат на слушателите да се стекнат со знаења и вештини кои понатаму ќе им овозможат успешно планирање, развивање и спроведување на проекти кои имаат за цел практицирање на  општествена одговорност од страна на организациите на кои им припаѓаат.
Искуствата стекнати  од првата фаза на проектот ќе им овозможат на учесниците на обуките  да  ја реализираат втората фаза на проектот што ќе опфати создавање на проектен тим за изработка на водич за општествена одговорност  и  студија и предлог проект за потребите од отворање на народна кујна во општина Битола.

Овој водич  во себе ќе содржи релевантни податоци и препораки за малите и средните бизниси и организациите во јавниот сектор на територијата на Пелагонискиот регион како да ја прилагодат својата активност кон имплементирање на принципите на општествена одговорност и како да најдат и обезбедат поддршка во имплементација на истата.

Овој проект е поддржан од Владата на Р. Македонија преку програмата за поддршка на граѓанските организации.

LOGO GOLD BLUcdr