Со реализацијата на првата обука под наслов Концепт На Општествена Одговорност и Општествено Одговорни Практики која се спроведе во Хотел Театар започна имплементацијата на проектот О3 Општествено одговорни организации. Во двете сесии на првата обука учество зедоа околу 30 учесници и тоа петнаесет учесници од редот на АЛУМНИТЕ на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА и петнаесет претставници на граѓански организации од повеќе општини од Пелагонискиот Регион.
Првата сесија имаше за задача да ги запознае учесниците со основниот теориски и практичен аспект на општествената одговорност и нејзиното значење. Предавач на оваа сесија беше доц. д-р Моника Ангелоска Дичовска која преку пример и дискусија им ја приближи на учесниците на обуката суштината на општествена одговорност под која се подразбира етичка рамка која што укажува дека ентитетот (организација или индивидуа) има обврска да дејствува во корист на општеството во целина.
Втората сесија од обуката ја реализира проф. д-р Моника Марковска која во фокусот на своето излагање ги имаше моделите на општествена одговорност и начините на нивна имплементација. Во рамките на оваа сесија се разработија концептите на индивидуална и организациска општествена одговорност, а преку симулациите учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со проблемите кои се јавуваат при практицирање на општествено оговорното поведение. Обуките имаат за цел да го зајакнат капацитетот на учесниците за развивање и имплементација на проекти засновани на принципите на општествена одговорност и да создадат мрежа на актери кои во иднина би им помогнлле на малите и средните бизниси од Пелагонискиот регион да се вклучат како партнери во реализација на вакви проекти.