fbpx

КОНКУРС ЗА ФОТОГРАФИИ ЗА ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА″

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 13-то  издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ″

Изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2025 ќе се реализира во рамките на годишната програма на НУ Центар за култура Битола, поддржана од Министерство за култура и туризам на РС Македонија

ТЕМА НА КОНКУРСОТ: „ БИТОЛСКИТЕ ПОРТИ “

КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ОД  01.07.2025 ДО 01.08.2025

НАГРАДЕН ФОНД

– ПРВА НАГРАДА – 4000 ДЕН.
– ВТОРА НАГРАДА – 3500 ДЕН.
– ТРЕТА НАГРАДА – 2500 ДЕН.
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.

ТЕМА НА КОНКУРСОТ: „ БИТОЛСКИТЕ ПОРТИ “

–  Фотoграфиите во својот фокус треба да ги имаат портите во целина или детали од портите на објекти од Битола.  Задачата ќе биде на креативен начин да се направи фотографско сведоштво

–  Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер – Општина Битола и е дел од програмата на Бит- Фест 2025  

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

–  Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Architectural photography.  Архитектонската фотографија  е фотографската дисциплина каде што примарниот акцент е ставен на фотографирање на згради или нивни делови и нивната  естетика.    
–  Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи  кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.- Доколку фотогрфијата обработува само детал од портата тогаш да се испрати дополнителна фотографија како доказ за локацијта на портата кој нема да биде во конкуренција.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири  ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис , друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth – или поголеми од 3 MB   
– Фотографиите да се во боја.
– Фотографиите да не се постари од 3 години и да не се претходно испратени на конкурсот „Со љубов од Битола“.

ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И УЧЕСТВО

Спуштете ја на вашиот уред формата за пријавување од следниот линк ПРИЈАВА

Фотографиите со минимална дефинирана големина прикачете ги заедно со пополнетата пријава на електронската пошта cedi.mk@gmail.com НАЈДОЦНА ДО 01.08.2025 год со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2025 .

СИТЕ ФОТОГРАФИИ ПОМАЛИ ОД 3 МB НЕМА ДА БИДАТ ПРИМЕНИ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии. Сите учесници ќе бидат информирани дали нивни фотографии ќе бидат дел од изложбата. Победниците ќе бидат соопштени на денот на отварање на изложбата.

Изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2025 ќе се отвори на 14.08.2025 четврток во 19:00 часот во фоајето на НУ Центар за култура Битола.

СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА – ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ