fbpx

ФОТО – КОНКУРС  СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2024

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 12-тото  издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ″


КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ОД  25.07.2024 ДО 12.08.2024


НАГРАДЕН ФОНД


– ПРВА НАГРАДА – 4000 ДЕН.
– ВТОРА НАГРАДА – 3000 ДЕН.
– ТРЕТА НАГРАДА – 2000 ДЕН.
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.


ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е  – „ МОДЕРНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ СИМБОЛИ НА БИТОЛА “


–  Фотoграфиите треба да се фокусираат на битолската архитектура која датира од периодот од 1950-та па до денс . Задачата ќе биде на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950-тата кои со својт дизајн и изглед се своевидни симболи на модерната Битоласка архитектура во градот и околината.


–  Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер Сава пензискo друштво а.д. Скопје
 

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

–  Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Architectural photography.  Архитектонската фотографија  е фотографската дисциплина каде што примарниот акцент е ставен на фотографирање на згради и слични архитектонски структури и нивната  естетика.    
–  Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи  кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири  ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис , друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth  
– Фотографиите да се во боја.
– Фотографијата да не се постари од 3 години и да не се претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола“

ПОСТАПКА ЗА УЧЕСТВО

Спуштете ја на вашиот уред формата за пријавување од следниот линк ПРИЈАВА

Фотографиите со минимална дефинирана големина прикачете ги заедно со пополнетата пријава на електронската пошта cedi.mk@gmail.com НАЈДОЦНА ДО 12.08.2024 год со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2024 .


СИТЕ ФОТОГРАФИИ СО ГОЛЕМИНА ПОД 1 МB НЕМА ДА БИДАТ ПРИМЕНИ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии. Сите учесници ќе бидат информирани дали нивни фотографии ќе бидат дел од изложбата. Победниците ќе бидат соопштени на денот на отварање на изложбата. Изложбата ќе се реализира во месец септември 2024.

СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА – ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ