fbpx

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 Е ВО ТЕК

   Здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола ги повикува сите заинтересирани лица кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија да се пријават за учество во второто издание на проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА.

     Колонијата ќе вклучи 12 фотографи кои ќе имаат можност да бидат дел од дводневна фото работилница која ќе ја водат Роберт Јанкулоски и Мери Бошкоска .  Обучувачиет ќе ги водат учесниците на обуката низ процесот на фотографирање и обработка на фотографиите и со нив ќе споделат искуства и совети за мајсторијата на фотографијата.

   

   Сите учесници на колонијата ќе имаат можност за учество во мултимедијалната фото изложба ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 – која воедно ќе биде презентација на авторските трудови на учесниците во колонијата.

     На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани фотографи аматери и професионалци.

      Менторскиот дел на колонијата ќе се реализира во понеделник 01.07 и вторник 02.07 во Хотел Театар – Битола

      Кандидатите/кандидатките треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, и протфолио од минимум 5 фотографии на адреса , cedi.mk@gmail.com со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 најдоцна до 25.06.2024 година.

Услови за пријавување

  • Кандидатот/кандидатката да е на возраст од 18 до 45 години,
  • Да поседува опрема за фотографирање – аметерски или професионален фото апарат

      Бидејќи бројот на учесници/учеснички во колонијата е ограничен на 12 лица, ќе се направи селекција на кандидатите/ кандидатките кои ќе учествуваат во колонијата.  

         Трошоците за учесниците на колонијата ќе бидат во целост покриени од организаторите.

       Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници/учеснички на колонијата во рок од 3 дена по истекот на рокот за пријавување.