fbpx

ФОТО КОНКУРС СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2023

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 11-тото  издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ″

КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ОД  17.07.2023 ДО 07.08.2023

НАГРАДЕН ФОНД
– ПРВА НАГРАДА – 4000 ДЕН.
– ВТОРА НАГРАДА – 3000 ДЕН.
– ТРЕТА НАГРАДА – 2000 ДЕН.

– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.

ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е „BITOLA – SPATIAL INTERPOLATIONS “ – „БИТОЛА – ПРОСТОРНИ ИНТЕРПОЛАЦИИ“

–  Фотoграфиите треба да се фокусираат  на битолската архитектура, поточно прескот и контрастот на старото наспроти новото. Задачата ќе биде на креативен начин да се направи фотографски контраст меѓу старата и новата архитектура и да се покријат   нови агли и перспективи на битолската архитектура.

Дражан Брачиќ – Трета награда 2022 – пример на пресек на стара и нова архитектура

–  Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер Сава пензискo друштво а.д. Скопје

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

–  Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Architectural photography Архитектонската фотографија  е фотографската дисциплина каде што примарниот акцент е ставен на фотографирање на згради и слични архитектонски структури и нивната  естетика.    
–  Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи  кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири  ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис , друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth  
– Фотографиите може да се во боја или црно бели.
– Фотографијата да не се постари од 3 години и да не се претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола“

ПОСТАПКА ЗА УЧЕСТВО

Спуштете го на вашиот уред документот за пријавување од следниот линк ПРИЈАВА

Фотографиите со минимална дефинирана големина прикачете ги заедно со пополнетата пријава за секоја фотографија на електронската пошта cedi.mk@gmail.com НАЈДОЦНА ДО 14.08.2023 год со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2023 .

СИТЕ ФОТОГРАФИИ СО ГОЛЕМИНА ПОД 1 МB НЕМА ДА БИДАТ ПРИМЕНИ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии. Сите учесници ќе бидат информирани дали нивни фотографии ќе бидат дел од изложбата. Победниците ќе бидат соопштени на денот на отварање на изложбата.

СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА 11-та ПО РЕД  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022“ ЌЕ СЕ РЕАЛЗИРА ВО ПЕРИОДОТ ПОМЕЃУ 15.09 и 15.11 – 2023  година.

СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА – ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ