fbpx

ЧИСТА ДЕПОНИЈА ВО ПЕЛАГОНИЈА

🔴 ЧИСТА ДЕПОНИЈА ВО ПЛЕГОНИЈА 🔴

🔶На 13-ти септември во Центарот за култура – Битола се одржа панел дискусијата „Чиста депонија во Пелагонија“ како завршен настан од истоимената младинска иницијатива во рамки на проектот „Младински активизам против корупцијата“ имплементиран од Здруженијата Центар за европски развој и интеграција од Битола, Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје и Импетус од Скопје а со финансиска поддршка на Цивика мобилитас. Иницијативата потекна од група на млади кои учествуваа на тродневна обука во Крушево во април годинава наменета за млади луѓе од Пелагонискиот и Вардарскиот плански регион. https://cedi.mk/mladinski-aktivizam-protiv-korupcijata/

🔶Оваа иницијатива претставува практична примена на знаењето стекнато на обуката во Крушево како прва фаза на споменатиот проект.

🔶Имајќи го предвид значењето на овој капитален проект за Југозападниот и пелагонискиот регион а особено за Битола и општините во непосредна близина на планираната депонија во Новаци ја избравме оваа тема од особен јавен интерес која досега не беше значително обработена и дискутирана пред пошироката јавност а со цел лоцирање на потенцијални ризици од корупција во изградбата на регионалната депонија како и ризици по ионака загадената животна средина во Новаци. – истакна Филип Етмишовски – носител на иницијативата.

🔶На панел дискусијата беа презентирани наодите од истражувањето на младинската иницијатива кои покрај јавно достапни документи вклучува и информации и документација досега недостапна за јавноста а обезбедена со Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Фокус на истражувањето беа претоварните станици, јавното претпријатие за управување со депонија како и патната инфраструктура до предвидената локација. Говорници на панел дискусијата беа претставници на проектното одделение при МЖСПП, ДКСК и истражувачки новинар од Балканската истражувачка мрежа.

🔶Филип Иванов – раководител на проектната единица за Регионален проект за цврст отпад при МЖСПП ги запозна присутните со карактеристиките на проектот и депонијата. Како член на Државната комисија за спречување на корупцијата, Нури Бајрами зборуваше за улогата на ДКСК но и граѓните со граѓанскиот сектор во процесот на следење на реализација на овој и други капитални проекти како и начинот на кој тие може да помогнат во спречување и алармирање за корупцијата. Последниот панелист, новинарот Гоце Трпковски од БИРН имаше свое излагање во однос на за улогата на медиумите и начинот на информирање на граѓаните а сподели и претходни искуства од следење на слични капитални проекти.

🔶По излагањата на панелистите следуваше плодна дискусија со претставници од невладниот сектор, медиумите, академската заедница и заинтересирани граѓани од Битола и регионот.

🔶Ова беше прво јавно презентирање на проектот од страна на ресорното Министерството за животна средина и просторно планирање и прва можност за отворање на дискусија за сите дилеми кај јавноста од Битола. Која е и најзасегната од изградбата на депонијата поради самата близина на предвидената локација но и како дел од рутата по која ќе мора да поминува целиот отпад од сите општини вклучени во проектот се до изградба на обиколницата.

🔶Информациите кои произлегоа од истражувањето и панел дискусијата сега се појдовна точка за понатамошно следење на реализацијата на овој проект и прв чекор кон зајакнато учество и консултирање на граѓанскиот сектор и пошироката јавност за процесот на изградбата и работење на регионалната депонија.#CivicaMobilitas

Civica Mobilitas

Forum-CSRD / Форум-ЦСИД

Impetus

This image has an empty alt attribute; its file name is лента-логоа-партнери-1024x127.jpg