fbpx

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ФОТОГРАФСКА КОЛОНИЈА -ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 –

Здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола ги повикува сите заинтересирани лица на возраст од 18 до 35 години кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија да се пријават за учество  во првото издание на проектот  -ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023кој е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

дизајн на плакат Горјан Галевски

Главна цел на проектот е создавање на фотогафска архива на објектите од културно значење  за ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН.

Проектот ќе се состои од дводневна фото работилница која ќе ја водат Роберт Јанкулоски и Далибор Митковски.  Обучувачиет ќе ги водат учесниците на обуката низ процесот на фотографирање и обработка на фотографиите и со нив ќе споделат искуства и совети околу создавањето на квалитетни фотографии.   

Сите учесници на колонијата ќе имаат можност за учество во мултимедијалната фото изложба ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 – која воедно ќе биде презентација на авторските трудови на учесниците во колонијата

На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани фотографи аматери и професионалци.

Колонијата ќе се реализира на 21 и 22 јуни во Битола

Кандидатите/кандидатките треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, и протфолио од минимум 5 фотографии на адреса , cedi.mk@gmail.com со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ФОТО КОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2023 најдоцна до 05.06.2023 година.

Услови за пријавување:

  • Кандидатот/кандидатката да е на возраст од 18 до 35 години,
  • Да живее во регионот за кој е наменета колонијата

Бидејќи бројот на учесници/учеснички во колонијата е ограничен на 20 лица, ќе се направи селекција на кандидатите/ кандидатките кои ќе учествуваат во колонијата.  

Трошоците за учесниците на колонијата ќе бидат во целост покриени од организаторите.

Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници/учеснички на колонијата во рок од 3 дена по истекот на рокот за пријавување.