fbpx

ФОТО-КОНКУРС „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022“

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 10-тото јубилејно издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ″
КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ОД  27.06.2021 ДО 31.07.2022
НАГРАДЕН ФОНД
– ПРВА НАГРАДА: 4000 ДЕН.
– ВТОРА НАГРАДА 3000 ДЕН.
– ТРЕТА НАГРАДА 2000 ДЕН.

– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е „THE ARCHITECTURAL SYMBOLS OF BITOLA “ – „АРХИТЕКТОНСКИТЕ СИМБОЛИ НА БИТОЛА“
–  Фотoграфиите треба да се фокусираат  на архитектонските обележја на Битола. Овие обелжја може да се познати и непознати , нови и стари но она што е клучен критериум е да бидат фотографиранаи од оргинални перспективи. 
–  Реализацијата и на ова издание на изложбата е финансиски поддржано од нашиот партнер Сава пензискo друштво а.д. Скопје
–  Годинешното издани на СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 – е дел од Бит Фест и е поддржана од Општина Битола  

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

–  Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Architectural photography.  Архитектонската фотографија  е фотографската дисциплина каде што примарниот акцент е ставен на фотографирање на згради и слични архитектонски структури и нивната  естетика.    
–  Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи  кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири  ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис , друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth  
– Фотографиите може да се во боја или црно бели.
– Фотографијата да не се постари од 3 години и да не се претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола“

ПОСТАПКА ЗА УЧЕСТВО

Спуштете ја на вашиот уред формата за пријавување од следниот линк ПРИЈАВА

Фотографиите со минимална дефинирана големина прикачете ги заедно со пополнетата пријава на електронската пошта cedi.mk@gmail.com НАЈДОЦНА ДО 25.07.2022 год со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 .
СИТЕ ФОТОГРАФИИ СО ГОЛЕМИНА ПОД 1 МB НЕМА ДА БИДАТ ПРИМЕНИ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии. Сите учесници ќе бидат информирани дали нивни фотографии ќе бидат дел од изложбата. Победниците ќе бидат соопштени на денот на отварање на изложбата

СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈНАТА 10-та ПО РЕД  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022“ ЌЕ СЕ РЕАЛЗИРА ВО ПЕРИОДОТ ПОМЕЃУ 05.08 и 15.08 – 2022  година.

СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА – ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ФОТОГРАФИИ