fbpx

ОТВОРАЊЕ НА 10-ТОTO ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ИЗЛОЖБАТА СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022

На 12.09.2022 во фоајето на НУ Центар за култура Битола се одржа свеченото отвoрање на 10-то јубилејно издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2022 во организација на Центарот за европски развој и интеграција од Битола, а поддржано од Министерство за култура / Ministria e Kulturës , НУ Центар за култура Битола , Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Општина Битола преку Bit Fest.Тема на овогодинешниот фото конкурс беше „АРХИТЕКТОНСКИТЕ СИМБОЛИ НА БИТОЛА“и на истиот пристигнаа 90 фотографии од 32 фотографи. Стручното жири кое годинава го сочинуваа Роберт Јанкулоски, Весна Каревска – Пукич и Симона Калица, имаа задача да селектираат двасет и четири фотографии, од кои три фотографии ги наградија со прво, второ и трето место. Овогодинешното 10-то јубилејно издание на изложбата се состои од 54 фотографии со димензии 500 x 330 см. 24 фотографии се селектирани од пристигнатите на конкурсот за 2022 , 3 фотографии се фотографии со кои е претставено стручното жири додека останатите 27 фотографии се ретроспектива на најдобрите 3 фотографии од изминатите 9 изданија на изложбата од 2013 до 2021.

This image has an empty alt attribute; its file name is 3-DRAZAN-BRACIC.jpg

Третото место и наградата од 2000 ден. ја освои Дражана Брачиќ за фотографијата „OLD vs NEW“

Второто место и наградата од 3000 ден. ја освои Бенита Стојмирова за фотографијата „Кај саатот“

Првото место и наградата од 4000 ден ја освои Мери Бошкоска за фотографијата „BETWEEN THE LIGHT“

Во рамките на свеченото отворање на сите фотографи чии фотографии беа селектирани за изложбата им беа врачени благодарници за учество во изложбата. Составен дел од отворањето на изложбата беше видео проекција на сите пристигнати фотографии со што на еден скромен начин им оддадовме признание на сите оние кои одвоиле време, направиле и пратиле фотографии на овогодинешниот конкурс.

Протоколарниот дел со свое обраќање го започна претседателот на ЦЕРИ Diogen Hadzi-Kosta Milevski, кој со присутните ги сподели најзначајните моменти за овој проект во изминатите 10 –години,предизвиците и успесите кои биле постигнати во неговата реализација.

На крајот од своето обраќање тој ѝ врачи благодарница на директорката на НУ Цента за култура Битола Maja Андоновска Илијевски за придонесот и поддршката која овој проект ја добива од Министерството за култура, и партнерството со Центарот за култура во изминатите 4 години и вклучувањето на овој проект во годишната програма на центарот.

Во оваа прилика таа истакна дека Битола како град кој ги има Милтон и Јанаки Манаки во своето културно наследство заслужува ваков проект кој ќе биде просторот во кој ќе работат и творат нивните наследници.

Во името на Сава пензиско друштво а.д. Скопје благодарницата ја прими г-нот Зоран Габеданов која во своето обраќање до присутните го истакна значењето на ваквите проекти за развојот и унапредувањето на различните гранки на културата и поддршката што тие како општествено одговорна компанија ја даваат на проектите со специфичен карактер.

Со Љубов од Битола како проект кој првично започна во рамките на битолското културно лето Бит – Фест во 2013-тата година и беше дел од истот до 2017-та, оваа година со своето 10-то издание повторно стана дел од Бит Фест. Благодарницата за поддршката на проектот во името на општината ја прими Градоначалникот на Битола, г-нот Тони Коњановски, кој во оваа прилика истакна дека „ Изложбата е значајна за нашата традиција, историја и култура и дека преку оваа изложба и ние самите битолчани, кои секојдневно минуваме покрај објектите кои се во фокус на фотографиите, забележуваме детали, кои во секојдневието не сме ги виделе “ .

На самиот крај на протоколарниот дел организаторот му врачи благодарница и на Gjoko Hristov – Бабук – Babuk за придонесот и помошта која тие како компанија ја дале на овој проект низ годините на соработка и подигнување на квалитето и стандардите за изработка на овој формат на изложби. Изложбата за отворена ја прогласи Градоначалникот на Битола г-нот Тони Коњановски по што следеше скромен коктел во организација на Хотел Театар, а за доброто расположение се погрижи DJ-Ile the Hair кој сo својот DJ-сет го комплетира визуелното искуство на присутните.Изложбата Со Љубов од Битола 2022 ќе биде отворена до 26.09.2022 и сите оние кои сакаат да ја погледнат ќе можат тоа да го направат во периодот од 15:00 до 22:00 секој работен ден освен во недела.

фотографии: Саше Богоевски – Читај бе Dražan Bračić