fbpx

СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2018

На 09.08.2018 во ПИЈАНО БАР се одржа свеченото отвoрање на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА која годинава Центaрот за европски развој и интеграција самостојно ја реализира по шестти пат.

На конкурсот кој и претходеше на изложбата свои фотогрфии испратија 27 автори, професионалци и аматери од Битола и пошироко. Стручното жири во состав Дражан Брачиќ , Беким Мустафа и Диоген Хаџи-Коста Милевски од пристигнатите-повеќе од 90 фотографии направи селекција на најдобрите 24 фотографии од 21 автор кои се дел од овогодинешната изложба.

На наше големо задоволство оваа година изложбата за отворена ја прогласи  г-нот Лукаш Холуб раководител на одделот за политички прашања, правда и внатрешни работи; информации и комуникации  од Делегацијата на Европската Унија во Р. Македонија.

            

Во своето обраќање пред присутните тој истакна дека: Лесно се чувствува европскиот дух на улиците низ Битола. Сметаме дека граѓаните на Битола се Европјани, дека еден ден ќе станат дел од европското семејство. Се надеваме дека со нашето присуство на ваквите културни настани, ќе покажеме дека Македонија е дел од Европа.

Во протоколарниот дел на отворањето беа доделени благодарници и дипломи на учесниците и победниците на овогодинешниот конкурс. Организациониот тим на изложбата и додели благодрница на Општина Битола за поддршката која ја имаше општината во реализацијата на изминатите 5 изданија на изложбата. Благодарницата и беше врачена на Виолета Налевска, советник за економски развој од Општина Битола.

Благодарница за посебен придонес во реализацијата на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА во изминатите 6 години му беше доделена на г-нот Перица Поповски кој континуирано учествува со свои фотографии на изложбата, а воедно е и највозрасниот учесник на изложбата.  Пофалница за најмлад учесник на изложбата и беше врачена на Мартина Тодоровска која со своите 18 години е најмладиот учесник на овогодинешното издание на изложбата.
         

Стручното жири трето место и додели на Ивона Кочов за нејзината фотографија “Погледот“

                        

Второто место го освои Ана Костовска со нејзината фотографија “Зимска љубов“

          
Додека првото место го освои Тања Димитриевска за нејзината фотографија “Заљубени птички“

                

Традиционално составен дел од изложбата се и шест фотогафии од членовите на стручното жири со што вкупниот број на изложени и изработени фотографии е 30.

           
Во рамките на изложбата е поставен и видео дисплеј на кој се прикажуваат фотографиите од сите учесници на конкурсот. Изложбата ќе биде отворена до 19.08.2018 по што таа ќе биде трајно поставена на нашата веб страна www.cedi.mk

Како и изминатите 3 изданија така и оваа година изложбата има продажен карактер и изложените дела може да се купат или нарачаат по цена од 350 ден. Средствата што ќе бидат прибрани преку продажбата ќе бидат наменети за финансирање на 7-то издание на изложбата во 2019 и обезбедување на симболичен фонд на награди за победниците на конкурсот.

Изработката на ова издание на изложбата како и изминатите 4 години беше од страна на   Ѓоко Христов – Бабук кој од електронски формат ги трансформира фотографиите во прекрасна жива приказна.

photo credit:
Дражан Брачиќ
Перица Поповски
Александар Недановски