Центарот за Европски развој и интеграција почнувајќи од 2013 година во рамките на   Битолското културно лето „Бит-Фест“ го реализира фото конкурсот и изложбата под наслов СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА.

Фото конкурсот е отворен за сите фотографии без оглед на степенот на нивна професионалност. Темата на фотографиите кои се праќаат треба да го отсликува
европскиот дух на живеење во Битола.

Оваа година по јубилеен петти пат на 10.08.2017 год. се случи свеченото отварање на изложбата, која опфаќа 34 фотографии од 30 автори. Изложбата е поставена во кафе бар Porta Jazz и ќе биде отворена до 20.08.2017 год.

Од пристигнатите 70 фотографии стручното жири во состав: Tanja DimitrievskaIvona Kočov членови на Фото кино клуб Битола, и Diogen Hadzi-Kosta Milevski од ЦЕРИ Битола, селектира 27 фотографии кои се дел од изложбата.

Првото место и наградата за најдобра фотографија ја освои
Dražan Bračić ,

второ место освои Vera Hristovska Umka,

додека третото место и припадна на Martina Todorovska.

На Дони Петличковски му беше доделена пофалница за најмлад учесник на конкурсот и изложбата.

Како и минатата година такка и оваа изложбата има продажен карактер а прибраните средства ќе бидат наменети за поддршка на проектот ПОЛИТЕА школа за лидерство и кариерен развој кој ЦЕРИ го реализира почнувајќи од 2014 година.

Share.

Comments are closed.