Со првата свечена сесија која ја одржа г-нот Хајан Селмани започнаа активностите на четвртата генерација на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА во организација на Центарот за европски развој и интеграција.

За време на првата сесија која се одржа на 18.10.2017 а беше организирана со поддршка  од НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола. Учесниците на школата, алумните од трите генерации на ПОЛИТЕА и гости и партнери на школата имаа можност да се запознаат со уникатната приказна на г-нот Хајан Селмани, основач и извршен директор на компанијата ХАСEЛТ и член на советот за развој на идни технологии во рамките на Microsoft.

Тој со присутните го сподели своето искуство за начинот на кој се гради вистинскиот успех кој подразбира отвореност, соработка и несебично вложување во другите со визија за подобро утре. Зборувајќи за различните етапи и предизвици од својот кариерен пат тој ги истакна основните карактеристики кој ги поседува лидерот кој создава промени во зедницата и е следен заради својот интелектуален авторитет. Клучната поента на неговото излагање беше дека успехот е она што доаѓа кога ќе вложите дел од своето знаење и енергија за да им помогнете на другите и ќе му покажете на луѓето околу себе дека вистински ги цените.

Акитивностите во рамките на школата ќе се реализираат во периодот од октомври 2017 до средината на месец април 2018 година. Во школата учество ќе земат 27 млади од Битола и општините во Пелагонискиот регион. Во рамките на школата ќе се реализираат 4 модули со околу 16 сесии кои ќе бидат насочени кон развој на знаења и вештини кои на учесниците кои ќе им помогнат  како подобро да го менаџираат своето време , како со помош на креативни методи за учење да ја забрзаат  својата  едукација, како да ги развијат вештините за лидерство и тимска работа и како сето ова да го искористат во градење на успешна кариера.

  • 40
    Shares
Share.

Comments are closed.