fbpx

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА

Здруженијата Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, Импетус од Скопје и Центар за европски развој и интеграција од Битола ги повикуваат сите заинтересирани лица да се пријават за учество на обука во рамки на проектот „Младински активизам против корупцијата“. Форум ЦСИД, Импетус и ЦЕРИ го спроведуваат овој проект кој е поддржан од програмата Цивика мобилитас.

Главна цел на обуката е зголемување на капацитетите за активизам кај локалните граѓански претставници кои ќе спроведат иницијативи за борба против корупцијата на локално ниво. Други важни теми кои ќе бидат третирани на обуката се: добро владеење и транспарентност на единиците на локалната самоуправа, соработка меѓу локалната администрација и граѓаните; стекнување вештини за мониторинг и евалуација на јавните услуги; соодветна едукација за спроведување на акции и иницијативи; мониторирање на буџетите на општините; структура на општеството и улогата на граѓанскиот сектор; човекови права; вмрежување на групи со заеднички интереси и други.

На овој повик можат да се пријават сите заинтересирани членови на граѓански организации, претставници на младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми, претставници на локалните самоуправи и други засегнати заедници од сите плански региони кои покажуваат интерес за проширување на своето знаење.

Избраните кандидати/кандидатки ќе имаат можност да бидат вклучени во идните активности на проектот „Младински активизам против корупцијата“.

Предвидени се четири обуки, кои  ќе се одржат во следниве термини:

31 март – 2 април: за претставници од Пелагонискиот и Вардарскиот плански регион,

7-9 април: за претставници од Полошкиот и Југозападниот плански регион,

21-23 април: за претставници од Источниот и Југоисточниот плански регион,

28 – 30 април: за претставници од Скопскиот и Северноисточниот плански регион.

Кандидатите/кандидатките треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација на македонски јазик, на адреса на координаторот на проектот, Форум ЦСИД: forumcsrd@forum-csrd.org.mk најдоцна до 25 март 2023 година.

Услови за пријавување:

  • Кандидатот/кандидатката да е на возраст од 18 до 35 години,
  • Да живее во регионот за кој е наменета обуката.

Бидејќи бројот на учесници/учеснички на обуката е ограничен на 25 лица, ќе се направи селекција на кандидатите/ кандидатките кои ќе учествуваат на обуките. При селекцијата на кандидатите/кандидатките посебно внимание ќе се посвети на родовата и етничката рамнотежа, како и на вклучување на претставници/претставнички на маргинализираните и ранливите групи како учесници/учеснички на обуките.

Трошоците за учесниците на обуката ќе бидат во целост покриени од организаторите.

Ќе бидат контактирани само потенцијалните учесници/учеснички на обуката во рок од 3 дена по истекот на рокот за пријавување.

Share.

Comments are closed.