fbpx

КОНФЕРЕНЦИЈА – ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

https://youtu.be/yPYRaMnR_TQ?t=28

Аналитика во соработка со Центарот за европски развој и интеграција во Битола организираше промоција и панел дискусија на тема „Пристап до информации и заштита на лични податоци”. Цел на овој настан бе ше промовирање на извештаите од следењето на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на лични податоци. Во рамките на панел-дискусијата се разговараше за транспарентноста на институциите на локално ниво и улогата на граѓанскиот сектор на локално ниво за поголема отвореност и ефикасност на институциите.

Настанот го отвори г-нот Пол Едвардс , заме ник амбасадор на Британската амбасада во Р Македонија кој истакна дека -Прашањата за отворени податоци и пристап до информации се од големо значење. Ние цврсто веруваме дека јавноста мора да има пристап до веродостојни  информации за тоа што работат нивните влади, и тоа на начин кој може да го разбере. Без тие информации, јавноста не може да бара отчетност од владите, политичките лидери и јавниот сектор.

Главните наоди од изв ештаите ги презентираа Магдалена Лембовска и Андреја Богдановски истражувачи од Титнк Тенк Аналитика  Тие истакнаа дека на  слободниот пристап до информациите од јавен карактер и зашитата на личните податоци се полиња на кои и понатаму постојат големи предизвици  затоа што често институциите се повикуваат на тајност на податоците. Најголем број од жалбите до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер завршиле со позитивен исход за барателите на информациите. Најголем број од жалбите пак, се однесуваат на т.н. молк на администрацијата, односно барателите не добиле никаков одговород институциите.

Се уште постојат п роблеми во спроведувањето на законот од страна на институциите, според извештајот, со оглед на тоа што дел од нив неправилно ја испочитувале процедурата за донесување решение за одбивање на барањето или заклучок за прекинување на постапката. Во однос на личните податоци
истражувањето покажа дека граѓаните најчесто се обраќаат до Дирекцијата за заштита на личните податоци за повреда на правото на приватност на социјалните мрежи.

Во рамките на панел-дискусијата свое излагање имаше и Диоген Хаџи-Коста Милевски проектен координатор на проектот ЛОТОС – кој ЦЕРИ во партнерство со осум организации го имплементираше на територијата на Пелагони скиот регион. Во своето излагање тој истакна дека општините кои се скенирани во рамките на проектот ЛОТОС во периодот 2013-2014 во најголем дел ги исполнувале законските обврски за овозможување на граѓаните за пристап до информациите од јавен карактер но често договорите за јавните набавки на општините биле недостапни за јавноста. Исто така тој истакна дека голем број од агенциите кои постојат на централно ниво често се недостапни за граѓаните заради физичките бариери и потребата од доставување на соодветни хартиени поднесоци што за граѓаните и организациите надвор од Скопје дополнително го усложнува целиот процес.