Шестата сесија со наслов ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ КАПИТАЛ ВО ЕКОНОМИЈАТА НА ЗНАЕЊЕ.
Ја реализира д-р Божидар Миленковски, професор на факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.
Преку оваа сесиј учеснициите ќе имаа можност да се зпознаат со современите економски трендови: глобална економија, дигитална економија и интелектуален капитал. Во рамките на интерактивниот дел од сесијата се отвори дискусија за современите претприемачки предизвици, психолошките карактеристики на претприемачот и претприемничко размислување out of the box,како и човековиот информациски систем и креативност.
Преку повеќе интересни практични примери на сесијата беше демонстриран начинот како да се размислува надвор од кутијата и креативно да се пристапува кон решавање на проблемите од различен тип.
Во своето излагање Божидар се осврна и на профлите на идните професии кои ќе ги создава модерната економија и потребата од прилагодување на вештините кои ги поседуваат младите за соодветно позиционирање на идниот пазар на трудот.