fbpx

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПЕТТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОЛИТЕА

Центарот за европски развој и интеграција го oбјавува ВТОРИОТ повик за учество во петтата генерација на школата за лидерство и кариерен развој  ПОЛИТЕА. Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 17 до 27 години од подрачјето на Општина Битола. ВТОРИОТ ПОВИК ЌЕ ТРАЕ ОД 05.09.2018 до 05.10.2018

Школата ќе се реализира во периодот од  15.10.2018 – 15.04.2019 и ќе се состои од 16 сесии распределени во четири тематски модули кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од  два часа.

Преку учеството во  школата  учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења и вештини во областите на:
                               МОДУЛ 1  – КАКО ДА СЕ ИСПЛАНИРАТЕ СЕБЕСИ
МОДУЛ 2 – КАКО ДА УПРАВУВАТЕ СО ВАШАТА БАНКА
МОДУЛ 3-  ЕЛЕКТРОНСКАТА РЕАЛНОСТ КАКО МОЖНОСТ ЗА РАСТЕЊЕ
МОДУЛ 4 – ЛИДЕРТВО И ТИМСКА РАБОТА
    Преку сесиите учесниците во школата ќе имаат можност да научат и да се стекнат со вештини за:
                               • МЕНАЏМЕНТ СО ВРЕМЕТО
                               • КРЕИРАЊЕ НА ПЛАНОВИ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЦЕЛИ
                               • ПСИХОЛОГИЈА НА УСПЕХОТ
                               • МОДЕЛИ ЗА ФИНАНСРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И БИЗНИС
                               • МЕНАЏМЕНТ СО ФИНАНСИИ И БУЏЕТИРАЊЕ
                               • LEARNING BY DOING
                               • КАРАКТЕР НА ЛИДЕР
                               • ГРАДЕЊЕ НА ТИМ И ТИМСКА РАБОТА
                               • РИЗИКОТ КАКО ПРЕДИЗВИК
                               • БИОГРАФИЈА И МОТИВАЦИОНО ПИСМО
                               • ПОДГОТОВКА ЗА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА
                               • ВОЛОНТИРАЊЕ И РАБОТНО ИСКУСТВО

Во ВТОРИОТ повик има слободни места за 20 кандидати, а селекцијата на кандидатите ќе се реализира преку интервју. На првиот повик кој се реализира во јуни се селектирани 10 кандидати.

Заинтересираните кандидати треба да пополнат и испратат ПРИЈАВА и кратка биографија на адресата cedi.mk@gmail.com  со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ВТОР КОНКУРС ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 05.10.2018 По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат телефонски контакитирани и повикани на интервју.

Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. Избраните кандидати ќе треба да уплатат партиципација од вкупен износ од 1.600 ден за учество во школата и тоа 800 ден. до почетокот на првиот семестар на школата 15.10.2018 и втора рата во износ од 800 ден. до почеокот на вториот семестар 01.02.2019. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

За сите дополнителни информации контактирајте не на  cedi.mk@gmail.com или на нашата фејсбук страна  https://www.facebook.com/CEDImk/