Центарот за европски развој и интеграција  објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба  „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2018″

  • Конкурсот ќе биде отворен до 23.07.2018 
  • Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
  • Тема на конкурсот е „БИТОЛА Е ЉУБОВ“ или “ЉУБОВТА ВО БИТОЛА“ . Испратените фотографии треба да содржат мотив кој ќе ја отсликува љубовта и ќе содржи детали кои посочуваат дека таа форма на љубов е фотографирана во Битола.
  • Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе направи селекција која фотографија ќе стане дел од изложбата)
  • На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст или графички елементи.
  • Фотографијата да е со минимална резолуција од 2000 px. и по можност во „landscape“  формат.
  • Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТАТ НА
Е-МАИЛ: cedi.mk@gmail.com , ДО 23.07.2018  год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2018 .

ЦЕРИ КАКО ОРГАНИЗАТОР НА ИЗЛОЖБАТА ГО ПРЕВЗЕМА ТРОШОКОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ФОТОГРАФИИТЕ.

СТРУЧНОТО ЖИРИ ЌЕ ИЗВРШИ СЕЛЕКЦИЈА НА ПРИСТИГНАТИТЕ ФОТОГРАФИИ И ЌЕ НАПРАВИ ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ ТРИ ФОТОГРАФИИ.

ИЗЛОЖБАТА ЌЕ ИМА ПРОДАЖЕН КАРАКТЕР А ПРИБРАНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ НAМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА ОВОЈ ПРОЕКТ ВО 2019 ГОДИНА И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НАГРАДЕН ФОНД ЗА НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ.

ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2018“ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА МЕСЕЦ АВГУСТ 2018

http://cedi.mk/category/so-ljubov-od-bitola/

ОВА Е САМОСТОЕН ПРОЕКТ НА ЦЕРИ КОЈ НЕ Е ДЕЛ ОД  МАНИФЕСТАЦИЈАТА БИТ-ФЕСТ 2018 И НЕ Е ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАН  ОД ОПШТИНА БИТОЛА.

  • 26
    Shares
Share.

Comments are closed.