fbpx

Во неделата на 23-ти декември во Битола традиционално по петти пат се реализира хуманитарната акција ТВОЕТО МАЛКУ Е НЕКОМУ МНОИГУ. Оваа акција е активност во рамките на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА и основна цел на акцијата е прибирање на нерасиплива храна која се донирана на семејства каде што таа е потребна. Со оваа акција учесниците на школата добиваат можност да организираат настан преку кој ќе насочат дел од своето време и енергија во помагање на другите и добиваат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Тие учат како да работат во тим и се охрабруваат да бидат генератори на промените во своето опкружување.

Главен организатор-иницијатор на акцијата е Центарот за европски развој и интеграција од Битола, но за успехот на акцијата најзаслужни се нашите партнери кои ни помогнаа денот да го исполниме со содржини кои беа од интерес за сите возрасти. Битолчани во голем број се вклучија во оваа акција, не поддржаа и со своите донации ни помогнаа да собереме храна и средства кои ќе донесат радост во многу семејства за предстојните празници. Оваа година акцијата се состоеше од пет различни блока.

Првиот блок на акцијата од 10:30 до 11:30 беше во организација на учесниците на ПОЛИТЕА и во овој блок дечињата кои не поисетија со своите родители имаа можност да цртаат и да изработуваат новогодишни украси, а во тоа им помагаа членовите на петтата генерација на школата.

 

 

 

 

За вториот блок на акцијата кој се реализираше во периодот од 11:30 до 12:30 беа задолжени нашите партнери од компанијата Cylindo со својот тим во Битола. Cylindo е компанија која нуди најсовремени решенија за визуелизација на намештај и токму во тој дух беше и нивната работилница. Во оваа работилница дечињата од пластелин изработуваа намештај за куќата на Дедо Мраз и истиот го поставија во 3D макети кој беа претходно изготвени.

 

 

 

 

Третиот блок од акцијата беше во организација на тимот од компанијата Interworks од Битола која веќе 14-год. обезбедува софтверски решенија за сите платформи. Во оваа работилница која се реализира од 12:30 до 13:30 дечињата се запознаа со она што го работат програмерите и како изгледа нивниот ден, а потоа имаа можност да се дружат и да пејат песнички со персоналниот асистент АЛЕКСА.

 

 

 

 

Во 13:30 часот во кафе-барот PORTA JAZZ каде традиционално по петти пат се реализира оваа акција пристигна Дедо Мраз. Дечињата играа пееа и другаруваа со Дедо Мраз и му ги кажаа своите желби за новата година, а тој од нив побара да бидат добри и вредни да учат и да си помагаат.

 

 

 

 

Од 17:00 до 19:00 часот во организација на тимот на fakulteti.mk, deca.mk и Светот на Биби дечињата од Битола имаа исклучителна можност да другаруваат со новата македонска ѕвездичка БИБИ. На овој настан дознавме дека Биби живее во Скопје, но дека се родила во Битола. Дечињата ја учеа азбуката со Биби , ја пееа новогодишната песничка и имаа можност сите заедно со Биби да ги гледаат едукативните анимирани филмови за другаруте на Биби од шумата и Џиновите.

 

 

 

 

Втората половина на оваа наша акција се состоеше од содржини наменети за повозрасните. Музичкиот дел од акцијата започна во 21:30 со концертот на Женскиот младински хор при МКЦ Скопје под диригенство на маестро Сашо Татарчевски кој за Битолчани премиерно го изведоа концертот JazzToVoice кој претставува компилација од исклучителни џез композиции во аранжман за акапела изведба. Волшебната хармонија на вокалите на Женскиот младински хор на присутните им го долови духот на хуманоста и добрината со која треба да биде исполнет периодот на празници кој следи.

 

Од 22:30 до 24:00 следеше вториот дел од музичката програма и последниот блок на акцијата. Овој дел беше акустичен перформанс во чест на музичката легенда Леонард Коен во изведба на дуото Дејан и Игорче кој за присутните ги изведоа култните композиции на Коен кои се совршена хармонија на звук, збор и порака за животот.

 

 

 

 

За време на целата акција стотици Битолчани ја покажаа својата хуманост и донираа храна и пари во текот на целиот ден. Преку акцијата беа собрани повеќе од 400 кг. на најразлични прехрамбени производи и 14.000 ден. во парични средства со кои во текот на наредниот ден беше набавена дополнителна количина на месни и млечни производи млеко и масло. Од собраните производи беа подготвени 20 пакети со храна, и 20 новогодишни пакетчиња за дечињата на семејствата каде што се дистрибуираше храната.

 

 

 

 

 

 

 

Share.

Comments are closed.