fbpx

ПРВА СЕСИЈА ПОЛИТЕА 2018-2019

Првата свечена сесија на која гостин говорник беше г-нот Трифун Костовски го означи стартот на активностите на петтата генерација на Школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА, проект во организација на Центарот за европски развој и интеграција. Сесијата се одржа во малата сала на НУ Завод и музеј Битола која е дом на пијаното кое е донација од г-нот Трифун Костовски.

Во првиот дел на сесијата извршниот директор на ПОЛИТЕА г-нот Диоген Хаџи-Коста Милевски ги запозна присутните со предвидените активности за оваа генерација на ПОЛИТЕА кои ќе бидат поделени во  четири модули составени од по четири сесии. Во оваа генерација на ПОЛИТЕА активно учество ќе земат 25 кандидати од петтата генерација селектирани во два круга на селекција и 20 алумни од четирите претходни генерации на ПОЛИТЕА. Како и минатите години дел од овие сесии ќе бидат достапни за пошироката јавност и за сите оние кои се свесни за вредноста на вложувањето во сопствените знаења и искуство. Активностите на оваа генерација ќе се финализираат во првата половина на месец мај наредната година со промоцијата на дипломците од петтата генерација.

Во вториот дел на сесијата присутните гости и учесници во школата имаа можност да се запознаат со кариерниот рзавој на еден од најуспешните претприемачи во нашата земја и пошироко. Г-нот Костовски во своето излагање ги сподели своите искуства од водењето на бизнис во Македонија и во странство и ги истакна клучните производи и предности кои ги поседува нашата земја како и што е она што ние може да го понудиме на европскиот пазар.  Поаѓајќи од своите видувања за мометалните состојби кај нас тој на учесниците на школата им ги  посочи можностите за равој на успешни претприемачки приказни и кариери во секторите на бизнис кои допрва треба да се создаваат и ги посочи ризиците и предизвиците со кои ќе се соочат идните лидери. На оваа сесија се дискутирше и за проблемите без чие решавање нема да се создаде клима која ќе ги охрабри младите да ја одберат сопствената земја како место за градење на својата иднина.

По завршувањето на формалниот дел на сесијата присутните имаа можност да уживаат во скромен коктел и дегустација на вината од винаријата ДАЛВИНА која беше партнер на оваа сесија на ПОЛИТЕА. За аудитивното задоволство на присутните се погрижија Тони Алексовски – пијано и Марија Јовановска – вокал кои преку звуците и мелосот на староградските композиции за момент го оживеаја конзулскиот дух на Битола.