Врз основа на искуствата и информациите кои ги добија организациите од првата сесија на семинарот од страна на ЦЕРИ беше реализирана онлајн прашалник чија што цел беше мапирање на можностите за вклучување во имплементацијата и следењето на ОВП од страна на граѓанските организации во пелагонискиопт регио. Прашалникот беше составен од 11 прашања,чија цел беше да се утврдат потребите и интересите на организацииите и тимот на цери да добие јасна слика за тоа кои се приоритетните области на акцискиот план за ОВП 2016 – 2018 во кој организациите од пелагонискиот регион имаат интерес да се вклучат.
Врз основа на резултатите од прашалникот беше утврдено дека примарниот интерес на организациите се во областите на партиципативно креирање на политики и отвореност на локално ниво. Овие податоци беа искористени во моделирање на втората сесија на семинарот која имаше за цел конкретно запознавање на учесниците со активностите во овие две области.
Вториот сесија на семинарот во рамките на роектот ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ПРЕКУ ОТВОРЕНО ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВО се одржа на 18.11.2016 во Хотел Театар. Сесијата започна со Воведно обраќање на Диоген Хаџи-Коста Милевски, извршен директор на ЦЕРИ-Битола и Ќендереса Сулејмани, експерт за Отворена Влада , од ЦИКП-Скопје. Во рамките на ова обраќањае учесниците беа запознаени со начинот на реализација на активностите во рамките на втората сесија и иницијалните планови за формирање на мрежата за поддршка на имплементацијата на ОВП на организациите од пелагонискиот регион.
Активностит во рамките на вториот семинар се реализираа во две паралелни работни групи. Првата работна група Партиципативно креирање политики беше менторирана од Гордана Г. Димитровска – Национална координаторка за ОВП при МИОА и координатор на активностите во рамките на мерката партиципативно креирање политики во периодот на креирање на акцискиот план за овп 2016-2018. Учесниците на оваа група имаа можност да се запознаат со инструментите и начините на кои организациите може да бидат дел од партиципативносто креирање политики и начинот на предлагање на нови идни мерки
Втората работна група ОТВОРЕНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО беше менторирана од Ќендереса Сулејмани, експерт за Отворена Влада , од ЦИКП-Скопје Претставниците од граѓанские организации имаа можност од поблиску да се запознаат со ,мекрите и активностите кои се предвидуваат во областа на отвореност на локално ниво, клучните организации кои ја водат оваа мерка, приоритетните цели и механизмите преку кои во иднина и општините од пелагонискиот регион би можеле д а пристапат кон креирање на свои планови за отвореност на локално ниво.
Завршната активност на семинарот се реализира во Премиер центар со формирање на Мрежата за следење на ОВП во Пелагонискиот регион. На оваа сесја беше започнат процесот на планирање на понатамошните активности кои ќе ги преземаат членките. Со взаемна согласност беше утврдено дека партнерството е одлична можнос да се слушне гласот на секој. Првата конкретна активност на мрежата е планирано да се реализира после завршувањето на изборниот процес во периодот помеѓу 20.01.2017 и 15.02.2017
photos by Viktor Rikaloski
THE PROJECT IS FUNDED BY THE EUROPEAN UNION
CEDI – Bitola is solely responsible for the contents of this event. Opinions expressed during the event do not necessarily reflect the views of the European Union.