fbpx

СЕДМА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2016

Вториот модул на ПОЛИТЕА , Граѓанско учество и граѓански активизам,  започна со седмата сесија насловена „СОПСТВЕНИОТ ПРЕДИЗВИК – НАЧИН ЗА ОПШТЕСТВЕНО ДЕЛУВАЊЕ“

Предавач на оваа сесија беше Софија Бејковска Чачоровска, професорка по класични јазици, граѓански активист и пример како гласот на секоја индивидуа може да одекне во општеството.  Таа со својот несекојдневен подвиг да се преплива Охридското езеро на дистанца од 30 километри како аматерски пливач покажа дека сопствениот предизвик може да биде и толку гласен да укаже на проблемите во заедницата.

Сесијата беше интерактивна и учесниците имаа можност да продискутираат што за нив претставува граѓански активизам во онаа форма на сопствена мотивација за подобрување во заедницата, дали граѓанскиот активизам може да е мотивиран од финансиски средства или тогаш прераснува во нешто друго.  Се дискутираше за изворот на политиката, граѓанинот,  со какви проблеми ние како граѓани во нашиот град се соочуваме и што би промениле со личен пример.

Потоа учесниците имаа можност да поставуваат прашања и беа значително заинтересирани за необичниот подвиг на гостинот предавач.   Од оваа сесија мотивацијата дека со личен па и најмал пример од секој се менува заедницата и се почнува да се решаваат проблемите е тоа што допре до учесниците.