fbpx

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОЛИТЕА

       На свечениот настан кој се одржа на 07.05.2015 во малата сала на НУ Центар за култура Битола Тимот на ЦЕРИ им ги додели дипломите на учесниците на првата гнерација на школата за лидерство и јавни политики „ПОЛИТЕА ”
Во рамките на школата се реализира 13 сесии со повеќе ппрофесори и претставници на јавни институции од регионот. Од вкупно 45 кандидати кои ја започнаа школата 37 успешно ја завршија. Покрај интерактивните предавања  учесниците во првата школа за лидерство и јавни политики „ПОЛИТЕА ” организираа и две хуманитарни акции.
Школата е наменета за млади луѓе од 18 до 26 години, а целта е да се даде можност за проширување на нивното неформално образование.
Повикот за учество во втората генерација на ПОЛИТЕА 2015-2016 се планира да биде објавен на почетокот на октомври 2015 годна, а предавањата да започнат втората половина од истиот месец.