Дваесетта сесија на ПОЛИТЕА беше посветена на евалуација и завршни согледувања за втората генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА. Модератори на сесијата беа м-р Диоген Хаџи-Коста Милевски – извршен директор на ЦЕРИ и Александар Недановски проектен координатор на ПОЛИТЕА.
Изминатите деветнаесет сесии на ПОЛИТЕА беа посветени на гостите кои со учесниците на школата го споделија своето знаење, совети и животно искуство. Оваа завршна сесија беше посветна на учесниците кои имаа простор и можност да ги споделат своите мисли и ставови за ПОЛИТЕА.
Целта на дваесеттата сесија беше преку конструктивна дискусија во пријателска атмосфера да се направи евалуација на се она што е направено и се што било испуштено да се направи во изминатите седум месеци, тимот на ЦЕРИ да чуе од учесниците на ПОЛИТЕА што е она што треба да се задржи, а што е она што треба да се промени и додаде.
Учесниците работеа есеј во кој ги запишаа своите искуства и впечатоци, а на крајот на сесијаат сите заедно со 20 зраци светлина од свеќите на тортата ги прославија 20-те сесии на ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОЛИТЕА.
- 7Shares