fbpx

ЕДИНАЕСЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Носењето на секоја значајна претприемничка одлука мора да биде поткрепено со квалитетни информации. Во правец на развивање на овој претприемнички дух кај младите лидери единаесеттата сесија на ПОЛИТЕА за свој гостин го имаше Владимир Величковски координатор на Бизнис центарот кој од октомври  2015 функционира во рамките на Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион (ЦРППР).

Како една од нај значајните јавни организации која во рамките на своите приоритети го има рамномерниот развој и поддршка во имплементирањето на крупни проекти од локален и регионален карактер ЦРППР е организација која располага со искуства кои веќе втор пат несебично ги споделува со учесниците на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА во правец на нивно едуцирање и информирање за начинот на изготвување,аплицирање и  имплементација на европските проекти.

Во своето излагање г-нот Владимир Величковски ги запозна учесниците на ПОЛИТЕА со активностите во рамките на кампањата  Инвестирајте во Пелагонија  и Водичот за инвестиции во Пелагонискиот плански регион

кој е првата систематска студија која во себе ги интегрира сите информации кои на еден претприемач му се неопходни во процесот на реализација на бизнис идејата.

Исто така учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со услугите кои ги нуди центарот и  сите активни повици преку кои би можеле да обезбедат финансиска поддршка за нивните проектни идеи.