fbpx

Обука за учесници од Пелагониски и Вардарски плански регион во рамки на проектот “Младински активизам против корупцијата”

Во периодот од 31.03 до 02.04 во Хотелот Монтана во Крушево се одржа првата од четирите  обуки во рамките на проектот МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА поддржан од CIVICA mobilitas ,a e наменета за учесници од Пелагонискиот и Вардарскиот плански регион. Оваа обука беше во организација на Центарот за европски развој и интеграција од Битола во соработка со Форум ЦСДИ како носeчки партнер на проектот.

Тренер на првиот ден на оваа обука беше д-р Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, кој од позиција на долгогодишен аналитичар на процесите на креирање на политики во нашата држава и начинот на трошењето на буџетските пари од страна на државните и  локалните институции, ги запозна учесниците со борбата против корупцијата во Македонија тргнувајки  од законската рамка па  се до реалната состојба на теренот. Во практичниот дел од обуката учесниците имаа можност преку практични вежби да се запознаат со постапката за мониторинг на транспарентноста на општините, и концептот на индекс на активна транспарентност.

Вториот ден од обуката беше резервиран за Зоран Бојаровски, новинар со триесет и шест годишна кариера во која бил новинар, уредник и главен уредник во повеќе медиуми, а последните  дваесеттина години е активен во сферата на неформалното медиумско образование. Тој ги запозна учесниците на обуката со учеството на граѓаните во процесот на креирање на политиките преку граѓанските иницијативи  и клучните елементи кои треба да ги содржи една граѓанските иницијатива. Во практичниот дел од обуката учесниците на обуката под менторство на тренерот имаа задача да ги обмислат и испланираат  чекорите за креирање и реализација на граѓанска иницијатива за определен локален проблем од нивната општина.   

Третиот ден од обуката беше посветен на запознавање на учесниците со практични примери и искуства во борба со корупцијата и граѓанскиот активизам. На првиот панел Гоце Трпковски, новинар во порталот Призма (БИРН)  ги запозна учесниците на обуката со успешни истражувачки стории за корупцијата кои биле основа за покренување на истраги и промени во однесувањето на јавните актери.

На вториот панел насловен како Позитивни примери од граѓански иницијативи учесниците на обукат имаа можност да се запознаат со :  Борче Стаменов од иницијативата  Донирај компјутер од Кавадарци, со Фатма Бајрам Аземовска од  Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ и Драган Велјанов од Платформа за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух ЗЕМИ ЗДИВ.

Оваа обука е првата фаза во реализацијата на проектот МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА. Следната фаза е практичната примена на стекнатите искуства, која воедно ќе биде можност подобро да Ве запознаеме со учесниците на нашата обука.