fbpx

ЧЕТВРТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2015

Четвртата сесија на ПОЛИТЕА на тема АПЛИКАТИВНИ АЛАТКИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ВОДЕЊЕ ПРОЕКТИ – MS PROJECT се одржа на 18.11.2015 во Хотел Театар.  Предавач на оваа сесија беше доц. д-р Наташа Блажеска Табакоска, професор на факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.

На оваа сесија учесниите на ПОЛИТЕА најпрво се запознаа со базичните постулати и категории во рамките на проектниот менаџмент анализирани преку призмата на информатичката технологија.

Во практичниот дел од сесијата беа презентирани можностите што ги нуди алатката MS PROJECT, предусловите за нејзина примена и практични примери како оваа алатка може да го олесни и поедностави планирањето, спроведувањето, импплементација и следењето на различните видови проекти.

Оваа сесија го означува почетокот на подготовките за завршниот настан за првиот дел на ПОЛИТЕА кој ќе претставува конкретен проект кој учесниците на втората генерација на ПОЛИТЕА ќе треба да го реализираат во втората половина на месец декември.

Photo by Ана Костовска