Оваа сесија на ПОЛИТЕА го носеше насловот „ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА АДВОКАТСКАТА ПРОФЕСИЈА“, а предавач на оваа сесијата беше г-нот Антонијо Димитровски основач и главна движечка сила на Адвокатско Друштво Димитровски.
Гостинот ги запозна учесниците на ПОЛИТЕА со клучните моменти од развојот на неговата кариера и преку персоналната приказна направи пресек на судската и адвокатската функција и клучните вредности за кои треба да се залагаат идните лидери во градењето на успешна кариера.
Преку искуствата и примерите од својот долг работен век г-нот Антонијо ги запозна учесниците на ПОЛИТЕА со принципите на адвокатурат и со предизвиците кои ќе се испречат пред секој кој се подготвува да води или да биде дел од адвокатска канцеларија.