Десеттата сесија на ПОЛИТЕА беше посветена на Граѓанскиот активизам во ПОЛИТЕА. Сесијата ја реализираа алумните од првата и втората генерација на ПОЛИТЕА: Елена Милошевска, м-р Горан Димовски, м-р Наташа Стојановска и Викторија Михајловска.
Сесијата ја отвори Елена Милошевска која преку своето излагање од психолошки аспект го анализира активизмот и мотивацијата за позитивни промени која треба да биде цел на секој лидер. Во останатиот дел од сесијата преку излагањата на Горан, Наташа и Викторија учесниците на сесијат имаа можност да бидат дел од ретроспектива на хуманитарните акции кои учесниците на ПОЛИТЕА ги реализираа во 2014, 2015 и 2016 година. Преку излагањата на предавачите учесниците од Третата генерација се запознаа со начинот на планирање подготвување и реализирање на хуманитарните акции, кои се составен дел од реализацијата на ПОЛИТЕА.
Во третиот, работен дел на сесијата во креативна дискусија учесниците на третата генерација заедно со алумните ги дефинираа основнит активности и работни групи кои ќе учествуваат во реализацијата на традиционалната хуманитарна акција „Твоето малку е некому многу“ која по трет пат ќе биде реализирана од учесниците на ПОЛИТЕА во периодот 25-30 декември 2016 година.