fbpx

ДЕВЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2016

Модулот Граѓански активизам  и граѓанско учество на деветтата сесија беше збогатен со несекојдневната можност на учесниците да се запознаат одблиску со личното искуство на оваа тема на предавачот , м-р Филип Јовановски,  визуелен уметник и граѓански активист. Магистрант на Факултетот за ликовни уметности, отсек – сликарство во Скопје. Од 2007-ма година, М-р Филип Јовановски  е уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола, исто така член и еден е од основачите на Иницијативата Кооперација (2012), ЈАДРО (2012) – асоцијација на независната културна сцена, како и неколку други неформални граѓански и активистички иницијативи.

Ако со еден збор би ја сумирале деветтата сесија тоа секако би бил СЛОБОДА , на изразување , на индивидуализам , на почит кон различното, на заштита на јавното добро.

Се проговори за мотивацијата за активизам, проблем кој е споделен од јавноста а власта не презема активности за негово решавање.  Граѓанскиот активизам го актуелизира проблемот, размислува за алтернативи за негово решавање и во несуетно општество може рамо до рамо со власта да работи на негово решавање.

Се проговори за индивидуалниот активизам наспроти колективниот и за тоа дека покрај формално здружување кое не е исклучено може и со неформално да се постигне многу со добра организација и посветеност.

Вистинскиот граѓански активизам укажува на грешките што ги прават политичарите во нивната беспоштедна борба за власт.  Вистинската промена е онаа на свеста а не на политичката гарнитура.

Сесијата приврши со видео презентација од богатото искуство на предавачот а во вториот дел се дискутираше за повеќе прашања покренати во излагањето.  Уште еднаш беше видлив фактот дека практичното искуство на одредена тема е ненасушен извор на информации па крајот на сесијата потенцира многу прашања за размислување, за моќта на индивидуата, за грижата, за јавното добро докажувајќи го  насловот на оваа сесија ,Граѓанскиот активизам како борба за јавното добро, поставен на почетокот на сесијата како прашање.