fbpx

ПЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2015

Денес знаењето има стратешка важност за економиите и претпријатијата ширум целиот свет. Променет е предметот како и внатрешната динамика на целокупната општествена репродукција. Од опиплива, материјална предметност, неиндустриското производство својата предметност ја искажува во производство на идеи, иновации и знаење. Новиот облик на производство и новите технологии се ослободени од крутоста, статичноста и нефликсибилноста на конвенционалните фактори на производство. Токму овие приниципи беа опфатени во рамките на петтата сесија на ПОЛИТЕА која го носеше насловот ПРЕТПРИЕМНИЧКА ЕКОНОМИЈА.

Предавач на оваа сесија беше  доц. д-р Божидар Миленковски, професор на факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола. Преку оваа сесиј учеснициите имаа можност да се зпознаат со современите економски трендови: глобална економија, дигитална економија и интелектуален капитал. Во рамките на интерактивниот дел од сесијата  се отвори дискусија за современите претприемачки предизвици, психолошките карактеристики на претприемачот и претприемничко размислување out of the box,како и неконвенционалните начини на финансирање на нови бизниси.