fbpx

   Центарот за европски развој и интеграција објавува повик за учество во втората генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.
Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 26 години од подрачјето на Општина Битола.
Школата ќе се реализира во периодот од  20.10.2015 – 15.04.2016 и ќе се состои од теоретски и практичен дел, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од  два часа.
Преку учеството во  школата  учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења во областите на:

  • Процес на креирање и имплементација на јавните политики на локално и регионално ниво
  • Инструменти за граѓанско учество во политичките процеси
  • Управување со граѓански организации
  • Проектен менаџмент во граѓанскиот сектор.
  • Основи на персонално и деловно планирање
  • Предизвиците за човековите права во 21-от век

Преку практичниот дел на школата учесниците ќе имаат можност да  ги усовршат своите  вештини за:

  • подготовка на конкурсни апликации и работно интервју
  • јавно презентирање,застапување и лобирање
  • проектно планирање и вмрежување

    Во школата ќе може да земат учество 25 кандидати, а предавањата ќе бидат реализирани од истакнати предавачи и експерти од јавиот и приватниот сектор.
Заинтересираните кандидати треба да пополнат и испратат ПРИЈАВА, кратка биографија и мотивационо писмо на адресата cedi.mk@gmail.com  со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 01.10.2015.
По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. Избраните кандидати ќе треба еднократно да уплатат партиципација од 400 ден. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

Share.

Comments are closed.