fbpx

На 28.10.2017 се одржа втората сесија на ПОЛИТЕА со наслов – ПЕРСОНАЛНО СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ- РАЗМИСЛУВАЊЕ НА ДОЛГИ ПАТЕКИ.

д-р Моника Ангелоска-Дичовска

Предавач на оваа сесија беше д-р Моника Ангелоска-Дичовска, доцент на Економскиот факултетво во Прилеп.

Во првиот дел од сесијата учесниците се запознаа со фазите на персоналото стратегиско планирање,  како и алакти и техники за самоанализа,  посебен акцент беше ставен на креирањетона персонални цели и развивање на способноста за правилно идентификување на сопствените цели и стратегии. Во овој дел се направи осврт на  подготовката на планови на долги патеки односно планови кои ќе помогнат во реализација на поставените цели.  Учесниците имаа можност да слушнат и мотивирачки стории на успех од различни области.

Вториот дел од сесијата се реализира преку практична  вежба за само анализа  со цел согледување на сопствената состојба и размислување за идни чекори кои треба да се преземат за сопствен развој, како и вежба за креирање  на персонални цели.

Целта на оваа сесија беше учесниците да се поттикнат да размислуваат позитивно, да согледаат дека секој може да има успешна приказна и да научат да ја создадат својата, преку јасно утврдени, на хартија запишани лични цели и планови.

Share.

Comments are closed.