fbpx

ЕДИНАЕСЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА 2016

0

Вториот семестар  на ПОЛИТЕА започна со единаесеттата сесија која се одржа на 16.02.2017 во Хотел Театар.  Оваа сесија беше вовед во третиот модул МЕДИУМИ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ. Гостин  предавач на сесијата беше  Маја Богоевска, дипломиран новинар со децениско искуство во полето на медиуми и сегашен уредник во порталот Шеталиште.

Во првиот дел на сесијата учесниците на Политеа имаа можност да се запознаат со кариерниот развој на гостинката како и за нејзините искуства во медиумите во Битола.

Клучната тема на дискусијата која се разви во вториот дел на сесијата беше интернет новинарството и како on-line порталите го променија традиционалниот начин на добивање на информации.

Се зборуваше за позитивните страни  кои се бројни: од дознавање на информацијата во реално време или само неколку часа од кога настанот се случил, до можност за споредба на истата вест од различни извори но и за негативните кои се бројни како што се нерегулацијата на интернет просторот односно можноста на секој непрофесионално да пласира информации , нелекторираните текстови и сл.

Стана збор и за тоа дали пост на Facebook може да се смета за вест доколку е објавен од јавна личност и дали треба да се почитува приватноста доколку постот е јавен.

Исто така се зборуваше и за стандардите во  новинарската професија односно личната етика  која секој новинар треба да ја поседува бидејќи нивната работа влијае врз јавноста на многу начини.

На крај учесниците се интересираја за ставовите на гостинот на актуелни теми поврзни со новинарската професија и професионалното мислење на гостинката за истите.

Share.

Comments are closed.