Петата сеија на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА на која наш гостин беше Михајло Димитриевски -ТХЕ МИЧО-  се одржа на 17.11.2017 во малата сала на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА.

ЦРТАЊЕ ЧУДОВИШТА КАКО ПРОФЕСИЈА беше работниот наслов на оваа сесија на која присутните имате можност да ја чујат приказната за кариернот развој на едн од најуспешните македонски илустратори. Во рамките на сесијата ТХЕ МИЧО го демонстрира процесот на создавање на еден цртеж   и со присутите ја сподели приказната за предизвиците од почетоците на неговата кариера, борбта за признание на вредноста на она што го работи и посветеноста и упорноста која е потребна да успеете во кариера која и не е баш така секојдневна.

Оваа сесија воедно е и првата сесија на ПОЛИТЕА од отворен тип на која покрај учесниците на школата и алумните присуството беше отворено и за сите граѓани на Битола. Целта на ваквите сесии е приказната и искуството кое се споделува во ПОЛИТЕА да биде достапно за пошироката јавност.

 

Share.

Comments are closed.