fbpx

СЕДМА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Седмата сесија на ПОЛИТЕА беше посветена на  КОНЦЕПТОТ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО 21-ОТ ВЕК – помеѓу правичноста и правдата. Предавач на оваа сесија беше проф. д-р Никола Мицковски, професор ма МИТ Универзитетот и надворешен професор на Правниот факултет од Кичево.

Во рамките на оваа сесија  преку анализа на теоретски концепти и конкретни примери се разви дискусија за (не)поклопувањето помеѓу концептите на правичноста и правдата, односно како предизвиците со кои се соочени модерните држави водат до создавањето на компромисот за степенот до кој ние сме спремни да ги спроведеме принципите на праведност.

Преку анализата на трансформацијата и измените на кривичниот закон и кривичната постапка во Р.Македонија се појасни дијалектичкиот однос во кој природата на модерното општество ги става концептите на праведност и правичност.