fbpx

ШЕСТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

     Оваа сесија е на ПОЛИТЕА го носеше нсловот  УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ – теорија и пракса, и беше посветена на моделите за учеството на граѓаните во процесот на креирање на политики. Во рамките на предавањето беа опфатени теориите и пристапите кои се применуваат со цел да се обезбеди граѓанскиот придонес во донесуванњето на одлуките на локално и национално ниво.
Предавач на оваа сесија беше м-р Лилјана Таневска, консултант на европски проекти  и предавач на БАС. Теоретскиот дел на сесијата ги опфати основните начела и услови за овозможување на процесот на граѓанска партиципација, додека во практичниот дел учесниците на ПОЛИТЕА имаа можност да се запознаат со практични примери на промена на политиките, како резултат на граѓанската партиципација во Европската Унија и во Р. Македонија.