fbpx

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЕСИЈА НА ПОЛИТЕА

Четиринаесеттата  сесоја на ПОЛИТЕА  се одржa на 09.03.2017  во Хотел Театар и беше замислена како критичка дискусија во контекст на  8-ми Март -Меѓународниот ден на жената.

Сесијата го носеше насловот: –  ДАЛИ ЖЕНСКИТЕ ПРАВА СЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА?: помеѓу дискурсот на „модерни“ жени и „очајни“ домаќинки.  На оваа  сесија гостин предавач и модератор беше д-р Ангелина Станојоска професор на Правниот факултет и истакната активистка и борец за женските права.

 Во првиот дел од сесијата преку анализа на клучните  човекови права кои се составен дел од позитивноправниот систем присутните имаа можност да се запознаат со сфаќањата за рамноправност на жената со мажот. Ова ја наметна анализата на концептот за праведно општество, каде жените не се обесправени и нееднакви. Едена од клучните теми адресирани во ова предавање беше заастапеноста на жените на раководните функции, стереотипите и недоволната свесност, за жената како лидер во современото општество.

Во завршниот дебатен дел на сесијата  од излагањата на учесниците на ПОЛИТЕА заеднички беше констатирано дека не треба да се посегнува по правата на жените т.е. да не се ограничуваат нивните слободи бидејќи жените се дел од сите современи текови.